И како опозиција СДСМ ќе биде измеќар на ДУИ – Од мачиња лавови не бидува!

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на телевизискиот дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека во следниот владин состав работите ќе се постават поинаку и јавноста нема да гледа играње фудбал во владини простории, алудирајќи на однесувањето на Артан Груби во владиниот кабинет, на што Мицкоски му одговори:

– Нема ништо да им направите на ДУИ, само како опозиција ќе продолжите да им бидете измеќари. Од мачиња лавови не бидува – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му кажа на Ковачевски дека бил засрамен и го болело како СДСМ се однесува како измеќар на ДУИ во изминатите седум години.

– И се прашував што е тоа што го направи од државотворна партија, да се претворат во измеќар на Артан Груби и на Али Ахмети. Но после ова што го кажа Ковачевски, ми е јасно. Сега се закани жестоко дека во следниот мандат што ќе го помине како опозиција, нема да дозволи фудбалчиња. Целокупната критики на работењето на ДУИ се сведува на играњето фудбалче кај Груби во кабинет – рече Мицкоски.