И Карпош нема да дозволи зонско паркирање

Програмата за 2018 година на ЈП Градски паркинг, според која се планира да се прошири зонското паркирање и во Кисела Вода, Карпош и Автокоманда, деновиве предизвика бурни реакции кај граѓаните.

Сепак, локалните власти ја смирија топкта, со тоа што излегоа со тврдења дека зонско паркирање на нивна територија ќе се воведе само доколку граѓаните го побараат тоа.

Во планот на Градски паркинг за Општина Карпош се наведени зонски паркинзи  на потегот околу ТЦ Лептокарија и улиците „Мирка Гинова”, „Иван Аговски” и „Гиги Михајловски”.

Од Општина Карпош посочија дека неколку години, во програмата на ЈП Градски паркинг се вметнуваат овие паркинг зони, но тие ќе се реализираат единствено ако постои согласност од страна на засегнатите граѓани, како и одлука од страна на Општината.

За зонско паркирање во Карпош може да решат само граѓаните!

Целосно ги отфрламе шпекулациите за наводно воведување на зонско паркирање без консултација со засегнатите жители.

Општина Карпош во изминатиот период работи на зголемување на капацитетите за паркирање токму на посочените локации. Имено, во текот на минатата недела се поплочуваа повеќе паркинзи во Карпош 1, со цел да се добијат нови паркинг места кои и понатаму ќе бидат бесплатни за користење, велат од Општина Карпош.