И Катица Јанева е спроведна во затворот Идризово

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева пред десетина минути е спроведена во затворот Идризово, потврди за Плусинфо директорот Јовица Стојановиќ.

Јанева треба да издржува седумгодишната затворската казна за случајот „Рекет” каде што беше осудена поради злоупотреба на службената положба.

Спроводот во заторот се случи откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за Јанева и за Бојан Јовановски кој исто така е спроведен во затворот а кој ќе издржува казна од девет години.