Македонија е лидер во регионот но и во Европа по степенот на корупција која навлегла длабоко, во сите пори на општеството. Во Македонија цвета корупцијата а надлежните органи не прават ништо за нивното сузбивање. Тоа може да се види и во последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој го мери индексот на корупција во земјите од целиот Свет.
На оваа листа за индексот за корупција Македонија бележи уназадување, односно пад од неколку места, со што државата ја смести на историско најниското ниво во борбата против корупцијата. Со постигнатото неславно 111 место, Македонија е најлошо рангирана во регионот но и меѓу најлошо рангираните во Европа.
Подобри од нас во борбата против корупцијата се и Косово и Албанија, за кои земји до пред некое време важеа за држави со висок степен на корупција. Но, по се изгледа, овие соседни држави си ја завршија својата домашна работа и силно се посветиле во борбата против корупцијата, што не случај кај нас. Додека државите од регионот ја сузбиваат корупцијата, кај нас државниот, врв во изминатите години, беше дел од големи корупциски скандали.
Неславното 111 место Македонија го дели со Босна и Херцеговина од регионот но и со Монголија и Панама. На врвот, како најмалку корумпирани држави во светот остануваат Нов Зеланд и Данска, а зад нив се Финска, Шведска, Сингапур и Швајцарија.
Во изминативе 5 години Македонија ги доживеа нај поразителните статистики на овие извештаи и за споменатиот период како држава бележиме пад од неверојатни 45 места!
Државата под раководство на СДСМ и Зоран Заев во континуитет постигнува лоши, неславни рекорди, почнувајќи од справувањето со ковид пандемијата, економската криза, правосудството, за последно, во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл на неславното високо 111 место.
За ова реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дела Зоран Заев ја зациментира Македонија во корупција, што со извештајот се потврдува дека со државата владее мафија која се богати на грбот на народот.
„Овој извештај само потврдува дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот. Затоа мафијата на Заев јаде со златни лажици, а обичниот граѓанин нема ни за леб. Овој извештај покажува дека нема апсолутно никаква институционална борба со корупцијата, нема реална разрешница на големите коруптивни скандали како „Леонардо“, набавката на реагенси, скапите грејдери во одбрана, финансирањето на магариња и фризерници со европски средства, рекетот, торбите со снопчиња пари и десетици други корупциски мега скандали на власта“, стои во партиското соопштение.