И Куманово против бегалците: Владината стратегија ќе ги намали платите и ќе доведе до губење работни места

Граѓанската иницијатива „Будење“ Куманово, денеска во центарот на градот почна да собира потписи со цел да иницира до Советот на општината организирање референдум за Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти кои се предложени од Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Собраните потписи, заедно со барањето за ставање на дневен ред на следната седница на Советот на општина Куманово, точна за распишување на референдум ќе ја доставиме до претседателот на Советот на општината, градоначалникот и до координаторите на сите советнички групи и очекуваме точката за референдумот да биде ставена на дневен ред, зашто е екстремно важно овој референдум да биде распишан и поддржан од граѓаните на Куманово, изјави Розита Симоновска Аритонова од Иницијативата.

Појасни  дека со Стратегијата се предвидува трајно вдомување на бегалци во Македонија, нивно образование, нивно вработување и право на упис на државјанство.

Се предвидуваат многу нови станбени единици, градење на станови, куќи, па дури и цели населби за бегалците. Се предвидува, додека тоа се обезбеди, бегалски кампови за нив или плаќање на ќирии и комуналии за истите додека да бидат трајно сместени, истакна Симоновска.

Според неа, се предвидува бесплатно основно и средно образование за децата бегалци, како и обуки за старите лица.

-Во стратегијата се предвидува вработување на истите лица и во државните институции и во јавниот сектор. Исто така, има дури и стратешки препораки за како тоа полесно да се извееде, посочи Симоновска.

Подвлече дека доколу се реализира оваа Национална стратегија очекувано е да се намалат платите, намалување на пензиите, кратење на социјалната помош, губење на работни места на граѓаните на Република Македонија.

Апелираше до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и секој ден од 10 до 19 часот да отидат во центарот на Куманово и да го дадат својот потпис за иницирање на референдумот.