И Левица е за одложување на изборите во Штип: Нема да учествуваме на избпри во вакви луди услови

Димитар Апасиев претседател на Левица и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, одговарајќи на новинарското прашање дали Левица ќе има кандидат на локалните избори во Штип, порача дека Левица нема да учестувува на изборите бидејќи како што рече многу е сулудо во време на пандемија да се организираат избори односно дека е ризично по јавното здравје.

Пред два дена имавме презедиум и одлучивме дека нема да имаме кандидат бидејќи сметаме дека во време на корона е сулудо да имате избори, има ризици по јавното здравје и тоа е многу неиздржливо да правите избори за 8, 9 месеци до редовните избори во општина во која што веќе си добил градоначалник тоа е од СДСМ, вели Апасиев.