Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев денеска беше исвиркан на прославата по повод годишнината од Илинденското востание на Мечкин камен.
И тој, како и владината делегација предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев беше дочекан со негодување кај присутните граѓани.
За разлика од останатите, Бошкоски со кренати раце сакаше да го поздрави народот, но му беше возвратено со извици на негодување.