И Македонците и Албанците и сите други исто го чувствуваат лошиот живот, идната влада ќе ја направи Македонија функционална држава

-Факт е дека и Македонецот и Албанецот и Турците и Власите и сите останати граѓани во Македонија имаме иста мака. Кога велиме дека е тежок животот по однос на егзистенцијалните прашања и по однос на оној лош животен стандард којшто го имаме исто го чувствуваме тоа, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник.

-Исто размислуваме како ќе помогнеме и прехраниме дома семејство, исто размислуваме колку ќе заработиме, што ќе оставиме на нашите деца, исто размислуваме дали навистина некој ќе бара од нас корупција за нешто коешто ни следува или мито или ќе можеме тоа да го оствариме согласно законите коишто владеат. И кога ќе се доведеме во ситуација да заклучиме дека во државата нема систем, тогаш граѓаните велат јас навистина можеби и со овие финансиски средства коишто ги имам ќе одам за живеам надвор затоа што таму некаде ќе ме почитуваат и нема да ми се случува ова што ми се случува, вели таа.

Таа порача: „Мора да застанеме со таквите политики и мора да сме свесни дека кога маката е иста, решението треба да биде исто за секого“.

-Не можеме ние по ниедна основа да ги делиме граѓаните и кога ќе имаме ние влада ќе треба да размислуваме буквално како на секој еден човек којшто се труди којшто работи којшто егзистира во Република Македонија да му помогнеме. Нашата цел е да ја вратиме довербата дека Македонија може да биде функционална држава, порача Митева.