Шкотскиот тенисер Енди Мареј се повлече од настап на годинешното издание Ролан Гарос, поради замор додека се подготвува за турнирите на трева.
Шкотланѓанецот првично планираше да игра на Ролан Гарос подоцна овој месец, но сега реши да се повлече од настанот во Париз по разговорите со неговиот стручен штаб. Последен пат играше на Ролан Гарос во 2020 година.
Повлекувањето од земјена подлога ќе му овозможи на 36-годишниот играч да даде приоритет на подготовките за напорната сезона на тревните терени која започнува следниот месец.
Мареј не успеа да победи на ниту еден од трите турнира на земјени терени на Мастерс 1000 минатиот месец и загуби во директни сетови од Стен Вавринка во првото коло на Бордо Челинџер минатата седмица.
Една седмица пред тоа беше поразен во првото коло на Италијанскиот опен од Фабио Фоњини. Но, претходно овој месец, тој ја освои својата прва титула од октомври 2019 година со освојување на АТП Челинџер турнирот во Екс-ан-Прованс.
Така Мареј им се придружи на Шпанецот Рафаел Надал, на Италијанецот Матео Беретини, на Австралиецот Ник Киргиос и на хрватскиот тенисер Марин Чилиќ кои се откажаа од вториот грен слем турнир во сезоната.
Ролан Гарос започнува во понеделник во Париз и ќе трае до 11-и јуни. Вимблдон започнува на 3-ти јули.