Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“.
Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство, судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот Мијалков, во случајот „Империја“.
Денеска СЈО го достави предлогот за определување куќен притвор на Мијалков до Основниот суд Скопје1. Документите за Мијалков вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.