![mit romni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/mit-romni.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, вчера се појави на демонстрациите во Вашингтон против полициската бруталност и убиството на Афроамерикенцот Џорџ Флојд од Минесота.
Ромни е првиот републикански сенатор кој се појави на протестите и го поддржа движењето „Црните животи имаат важност“.
Сенаторот сподели твит фотографија како маршира со толпата со наслов Black Lives Matter.
Тој укажа дека се потребни реформи и запирање на полициската бруталност.
Како и претходно, Ромни се става наспроти политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела имаше намера насилно да ги растера протестите во Вашингтон.