И „Најк“ си заминува од Русија поради прекинати испораки на стоки

Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ не го обнови договорот за франшиза со руската групација „Инвентив ретајл груп“, пишува Ведомости, повикувајќи се на писмото до вработените во компанијата, од претседателот на ИРГ, Тихон Смиков.

ИРГ е сопственик на најголемиот американски малопродажен синџир во земјата. Смиков оваа одлука ја објаснува со фактот дека „Најк“ не може да „организира испорака на стоки во Русија во догледна иднина“, се наведува во написот кој го пренесува РИА Новости.

Директорот за односи со јавноста на ИРГ потврди за Ведомости дека испораките се прекинати и дека има сѐ помалку и помалку стоки. Оваа компанија нема да може да продолжи да работи со монобренд продавници.

„Поради оперативни тешкотии, „Најк“ донесе одлука да не ги обнови постоечките, ниту да влезе во нови деловни односи“, додава весникот. ИРГ, инаку, управува со 37 продавници на „Најк“, од кои сега не работат девет.