И на мажите им отчукува биолошкиот часовник

Биолошкиот часовник е термин кој воглавно се врзува за жените. Меѓутоа, временската ограниченост за продолжување на лозата и потомството треба да ги загрижи и мажите. Според најновите истражувања кои ги објавиле англиското списание „Independent“ и на мажите им отчукува биолошкиот часовник.

Според пишувањето на ова списание и мажите се условени со времето кога станува збор за проширување на семејството и остварувањето на улогата на татко.

Во студијата која е објавена во европското списание „Maturitas“ мажите треба да размислат за замрзнување на својот наследен материјал во банките за сперма и тоа пред триесет и петтата година.

Причините се многубројни. Најчесто се поврзани со здравјето, но и со намалување на плодноста на мажите после триесет и петтата година.

Бебињата, чии татковци се постари од 35 години изложени се на поголем ризик од многу заболување како што се вродени болести на срцето, а може да имаат проблем и со ниска телесна тежина при самото раѓање.

Исто така студијата покажала дека децата кои се добиени после 35-та година можат да развијат одредени видови на рак, но и когнитивно пореметување како што е аутизмот.

Студијата опфатила 40-годишни испитаници за да се дојде до информација за ефектите на годините на мажот за татковството, влијанието на годините на плодноста, бременоста како и здравјето на децата.