Инспектори направија ненајавени посети на американскиот пазар на акции Nasdaq како и на Deutsche Boerse, како дел од истрагата на Европската унија за можни прекршувања на антимонополот во тргувањето со финансиски деривати, потврдија во вторникот портпаролите на компанијата.
Европската комисија објави дека ненајавено испратила инспектори до група финансиски компании во две земји-членки на ЕУ поради можни прекршувања на антимонополските прописи при тргување со финансиски деривати.
„Комисијата се сомнева дека компаниите кои се инспирирани можеби ги прекршиле антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат рестриктивни деловни практики“, се вели во соопштението објавено во понеделникот.
Финансиските деривати се предмет на истрага, соопшти Брисел, без да ги именува компаниите. Тие не прецизираа за кои две земји станува збор.
Постои сомнеж за евентуален договор за цените, забележува гермнаската службена новиснак агенцијата dpa.
Од Deutsche Boerse во вторникот објавија дека биле посетени од инспектори како дел од истрагата на ЕК, а неколку часа подоцна портпаролот на Nasdaq ја потврдил увидот.
Операторот на Франкфуртската берза рече дека целосно соработуваат со истрагата и дека по правило не ги коментираат.
Портпаролот на Nasdaq одбил да одговори во Стокхолм да одговори на прашањето на Reuters во која земја или земји е „контактиран“ Nasdaq.
„Свесни сме за истрагата на Европската комисија за пазарот на деривати. Nasdaq е подготвен целосно да соработува со Европската комисија и да ја поддржи истрагата на властите“, рекол портпаролот.
Американската матична компанија на Nasdaq е меѓу најголемите берзански групации во светот, а нејзините берзи во ЕУ ги вклучуваат главните пазари на Шведска, Данска и Финска. Нуди и услуги за тргување и пребивање на акции, обврзници и стокови деривати, пишува Financial Times (FT).
Deutsche Boerse е најголемата берзанска групација во ЕУ по пазарна вредност и оператор на Франкфуртската берза и Eurex, најголемиот пазар на финансиски деривати во Европа. Eurex тргува со капитал, стоки, долгови и валутни деривати и неговиот промет надмина 154 милиони договори во август, според податоците на компанијата.
Deutsche Boerse, исто така, поседува 75 отсто од акциите во Европската енергетска берза, која е со седиште во Лајпциг и им овозможува на инвеститорите да тргуваат со деривати врз основа на електрична енергија, гас и други стоки, потсетува Financial Times.
Од Euronext, пак, денеска нагласија дека не е предмет на инспекции или истраги од Европската комисија. Компанијата работи на берзи во неколку градови, вклучувајќи ги Париз и Амстердам.
Ненајавените инспекции на ЕУ се прелиминарен чекор во истрагата за можните деловни практики кои ја нарушуваат фер конкуренцијата, но не имплицираат дека компаниите навистина ги прекршиле, забележува Комисијата.
Тие потсетуваат и дека не постои законски рок за завршување на ваквите истраги и дека нивното времетраење зависи од повеќе фактори, меѓу кои сложеноста на случајот, соработката на компаниите и остварувањето на нивните права на одбрана.