И натаму облачно со високи зимски температури

И во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно и невообичаено релативно топло време за овој период од годината со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови.

Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, над 70 километри на час.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 2 и 9 степени, а максималните дневни ќе се движат од 6 на повисоките места до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде, исто така, променливо облачно со повремен слаб дожд, со засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.