
И во саботата во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервалот од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата до 34 степени.