![sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/sonce.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
И во четврток во Македонија ќе проддолжи периодот на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 20, а максималните соодветмо ќе бидат меѓу 32 до 38 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 37 степени.