![Бобан Стефковски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/stefkovski-4-480x270.jpg?resize=480%2C270&ssl=1)
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на социјаалните мрежи ја информираше јавноста дека се откажува од користење на служено возило како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Во објавата Градоначалникот Стефковски напиша:
„Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.
Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните”.