И Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче

Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче, објави градоначачникот Дарко Костовски.

„Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемните трошоци за живот Општина Бутел и јас како градоначалник одлучивме финансиски да ги помогнеме првачињата и пред се нивните родители.
За таа цел првачињата на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година.
Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 6000 денари.
Покрај високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, бројна оска, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка.
Оваа година за прв пат од постоењето на Општина Бутел обезбедивме ранец и училишен прибор за секое прваче во нашите општински основни училишта“.