И Османи бил дискриминиран, па затоа сакал да ги советува Бугарите во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера беше да го посети Пендиков во болница во Софија, откако тој беше пренесен таму на лекување со бугарски владин авион.

„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто.

 

 

Османи најави дека по следната недела планира да ги покани бугарските здруженија на состанок да направат план како да ѝ овозможат на бугарската заедница да ги декларира припадноста, идентитетот и културната припадност и да се интегрира во општеството.

Министерот рече дека тој лично, како припадник на немнозинска заедница, има искуство со дискриминација и поради тоа се чувствува најповикан да ја советува бугарската заедница во Македонија.

„Доколку има дискриминација, верувам дека можеби има дискриминација, велам повторно од моето искуство. Исто пред 20-тина години велеа дека нема дискриминација кон останатите заедници, но имаше“, вели Османи.