И оваа година еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.