И Пендаровски е против санкции кон Русија

Земјава е со економија во развој, постојат крупнки економски потешкотиисо кои се мачиме за д апостигнеме повисока стапка на раст, доколку земјава се одлучеше за санкции кон Руската федерација тоа би имало негативни последици кон домашната економија вели претседателот на државата, Стево Пендаровски, појаснувајќи дека одлуката држават да не воведе санкции кон Руија е наследена и донесена пред неколку години.

На прашање дали има можност да се одвојат Македонија и Албанија од пакетот а добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, Пендаровки рече дека францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати го прашал дали постои таква опција, но нагласи дека тој како претседател мисли дека треба да се држи само до својата земја и да објасни дали неговата држава заслужува датум за преговори.

Пендаровски повтори дека Макрон му кажал дека методологијата треба да биде усвоена до март, по што на самитот на унијата во мај во Загреб ќе има одлука за проширување за земјите што чекаат, Македонија и Албанија.

Одлуката останува неизвесна, нагласи претседателот на државата.