И по 21 година од воведувањето на еврото, Германците сѐ уште чуваат 12,3 милијарди марки

Германските граѓани и 21 година по воведувањето на еврото, чуваат депонирани 12,3 милијарди во поранешната национална валута – германската марка, објави во петокот тамошната централна банка.

Германија го воведе еврото како платежно средство на 1-ви јануари 2002 година

„Германија е една од шесте земји во зоната на еврото кои неограничено ги менуваат како банкнотите, така и монетите од старата валута во евро“, изјави Јоханес Беермен од Германската централна банка (Deutsche Bundesbank).

Вели дека обемот на заменетите марки во евра во текот на 2022 година се зголемил, што го поврзува со фактот дека филијалите на банката во текот на двете пандемиски години беа затворени за работа со клиентите.

Кон крајот на ноември годинава количеството банкноти и кованици во германски марки кои сѐ уште се наоѓаат кај граѓаните е проценето на 12,3 милијарди марки, односно 6,29 милијарди евра.

Медиумите редовно известуваат за спектакуларни наоѓања на германски марки. Неодамна еден маж, наследувајќи ги од својот татко фигурите на џуџиња за во градина открил кованици од старата валута во вредност од 26 евра. Многу повеќе, односно 637.000 марки во заборавен сеф на семејна компанија откри брачна двојка од Мајнц.

Експертите проценуваат дека голем дел од непроменетите марки сѐ уште се наоѓаат во странство.