И по 30 години, најпознатиот хит на Мараја Кери: „All I Want for Christmas Is You“, руши рекорди

И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа. Во таа смисла, во декември 2018, била пуштена повеќе од 10,8 милиони пати, а тој рекорд повторно е соборен во 2022 година со 21,3 милиони стримови.

Песната достигна една милијарда пуштања на „Спотифај“ во декември 2021 година. Редовно го достигнува број 1 на „Билборд хот 100“ во последните четири години.

Познатата поп-пејачка има издадено и други божикно-новогодишни песни, но се чини, ниту една не ја достигна таа светска слава.

Според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), Мараја Кери има богатство со нето-вредност од 350 милиони долари.