Италијанскиот тенисер Јаник Синер, победникот на Австралија Опен, не напредуваше на новата АТП ранг-листа и остана на четвртото место, но доста се доближи до сите конкуренти пред себе.
Србинот Новак Ѓоковиќ остана прв на табелата, иако во Мелбурн одбрани само 800 од вкупно 2.000 поени што ги освои минатата година кога го подигна победничкиот пехар на првиот грен-слем турнир во годината. Ѓоковиќ сега има 9.855 поени, а многу блиску до него е Шпанецот Карлос Алкараз кој има 9.255 поени.
Русинот Данил Медведев остана трет со 8.765 поени, со тоа што Медведев можеше да скокне на второто место доколку го совладаше Синер во финалето на Австралија Опен. Синер сега има 8.310 поени и тој квартет се одвои од останатиот дел од опкружувањето.
АТП листа:
1. (1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.855
2. (2) Карлос Алкараз (Шпанија) 9.255
3. (3) Данил Медведев (Русија) 8.765
4. (4) Јаник Синер (Италија) 8.310
5. (5) Андреј Рубљов (Русија) 5.050
6. (6) Александар Зверев (Германија) 5.030
7. (8) Холгер Руна (Данска) 3.685
8. (9) Хуберт Хуркач (Полска) 3.540
9. (12) Тејлор Фриц (САД) 3.195
10. (7) Стефанос Циципас (Грција) 3.025