Илјадници жители на Франција им се придружија во саботата на традиционалните првомајски протести ширум земјата и покрај рестриктивните мерки воведни поради сизбивањето на ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите бараа социјална и економска правда и со протестит отворено искажуваа противење на владините планови кои се однесуваат на промена на надоместоците за невработените. Во Париз и другите поголеми француски градови, како Лијон, Нант, Лил и Тулуз, вкупно се организирани триста собири.
Во француската престолнина на синдикалистите им се придружија и членовите на граѓанското протестно движење Жолти прслуци коишто при три години покренаа бран антивладини, како и работниците вработени во секторите тешко погодени со пандемиските ограничувања, како што се, на пример, културните работници.
Учесниците во протесниот марш носеа заштитни маски во согласност со правилата и истакнаа транспаренти со натписите „Дивидентите, а не надоместоците за невработеност се приходи на мрзливите луѓе“ и „Сакаме да живееме, а не да преживуваме“.
„Многу пари одат за оние коишто ги имаат многу, а помалку пари одат за оние кои немаат ништо, што се одразува на планот на реформите осигурувањето во случај на губење на работното место, кое сакаме да го уништиме“, изјави Филип Мартинез, челник на синдикатот CGT.
Повеќето демонстрации во Франција се одржани во мирна атмосфера, иако полицијата во Луон растерала група од околу 200 демонстранти кои фрлале петарди, објавија до префектуратата на Оверњ-Рона-Алпи.
Во Париз, каде што беа распордени во саботата окилу 5.000 полицајци, уапсени се 17 демонстранти. Неколку демонстранти облечени во црни маици и со качулки се судрија со полицијата. Некои фрлаа камења и певратуваа контејнери за ѓубре. Полицијата извести дека ги спречила припадниците на анархаистичкото движење „Црн блок“ во намерата да формираат протестна група.
На првомајските настани присуствувале и лидерите на франциската екстремна левица, Жан-Лук Маленшин и челничката на крајната десница Марин Лепен. Двајцата планираат да се кандидираат на претседателските избори следната година.
„Мојата желба е работничката класа не страува поради невработеноста и губењето на работата“, рече Меланшон кој учестуваше на протестите во Лил. Додаде дека се надева оти во овој град следниот 1-ви мај ќе се врати претседателот на Републиката.
Марин Лепен претходно положи венец во поднежјето на париската статуа на француската национална хероина Жана д’Арк (Јованка Орлеанка), која незјината партија ја смета за национален симбол. Предупреди на „целосен хаос“ доколку за престедател повторни биде избран Емануел Макрон кој ја победи на минатите избори благодарејќи на поддршката и од социјалистите и од конзервативците во настојувањата да биде спречен изборот на суверенистката Лепен.
Емануел Макрон, поранешен инвестициски банкар на Ротшилдови, кој ја напушти социјалистичката влада и основа центристичко движење ги освои претседателските избори во 2017 година, кога вети нов начин на управување со Франција и спроведување на нови политики. Но голем дел од неговата реформска агенда потклекна во борбата со синдикатите, додека пандемијата ги запре неговите планови чијашто цел беа реформите на пензискиот систем,
Франција, којашто е на неславното осмо место во светот според бројот на смртните исходи од последиците од Covid-19, од понеделникот ќе го започне да го ублажи третото „затворање“, откако во земјата е забележано намалување на бројот на заразите со коронавирусот.