И покрај повиците за прекин на огнот, Израел повторно го напаѓа Рафах

Израелската армија во понеделникот изврши нови воздушни напади врз Газа и опколи две тамошни болници, и покрај тоа што челникот на Обедиентите нации посочи дека постои растечки меѓународен консензус да му порача на Израел дека е потребен прекин на огнот.

Рафах е последното прибежиште за повеќе од половината од 2,4 милиони жители на Појасот Газа, откако беа протерани од разурнувачката копнена офанзива на израелската војска во централниот и северниот дел од тесната крајбрежна енклава во потрага по засолниште откако беа принудно раселени поради борбите во други области. Областа е под силен оган во неодамнешните израелски напади, велат очевидци.

Палестинските лекари соопштија дека во претходните 24 часа во Рафах загинале 30 лица. Израел планира копнен напад врз Рафа за, како што тврди, да ги елиминира палестинските милитантни ќелии.

„Изминатите 24 часа беа еден од најлошите денови откако се преселивме во Рафах“, вели за Reuters Абу Калед, татко на седум деца, кој одбил да го каже целото име поради страв од израелска одмазда.

„Во Рафах постојано живееме во страв, гладни сме, бездомници сме и нашата иднина е неизвесна. Нема прекин на огнот на повидок и би можеле да завршиме мртви или би можеле да бидеме раселени на друго место, можеби на север или на југ во Египет“, додава во изјавата за Reuters преку апликации за разговор.

Десетици Палестинци присуствуваа на погреби или други собири рано во понеделникот, откако во израелски воздушен напад загинаа 18 Палестинци во истата куќа во Деир Ал Балах, централна Газа, изјавија лекари и очевидци.

Израелските сили ги опколија болниците „Ал-Амал“ и „Насер“ во јужниот град Кан Јунис, изјавија палестински очевидци, една седмица по влегувањето во главната болница во енклавата „Ал Шиф“ во градот Газа.

Израел вели дека палестинската милитантна група Хамас ги користи болниците во Газа како свои бази, но Хамас и медицинскиот персонал го негираат тоа, а меѓународните хуманитарни организации велат дека досега нема докази кои ги потврдуваат израелските тврдења.