И покрај предупредувањето на ИДФ за ракетен напад, фестивалот „Нова“ добил дозвола

Ноќта пред масакрот на Хамас на 7 октомври, разузнавачка единица на ИДФ имала информација за подготовка на ракетен напад врз Израел. Единицата, исто така, забележала необична активност на воздушните сили на Хамас што може да укаже на премин на терористичката група во режим на вонредна состојба.

Тие индикации, особено можниот ракетен напад биле дискутирани на консултациите на ИДФ во следните часови, но не била донесена одлука да се алармира за можен напад на Хамас или за какви било значајни чекори што би се преземале.

Овие информации се дел од документите што им биле доставени на високи владини и безбедносни функционери и презентирани во нивните аргументи за оставката на началникот на Генералштабот Херзи Халеви.

Спротивно на претходните извештаи, ИДФ не проценил дека Хамас се подготвувал за воена вежба или за одбрана од евентуален израелски напад, туку сериозно ја разгледал можноста терористичката група да изврши напад врз Израел.

И покрај тоа, ИДФ се одлучила за ограничен број акции. Во услови на смирувачки индикации и широк консензус меѓу војската и разузнавањето, ИДФ одлучила да избегне изложување на чувствителни разузнавачки извори наместо подготвеност. Ова го открива драматичниот аспект на таа ноќ.

По масакрот, на виделина излегоа и други индикации кои разузнавачите ги имале, вклучително и употребата на израелски СИМ-картички и распоредувањето на средства за итни случаи во Појасот, користени за време на конфликтот во 2021 година две години претходно. Но, подготовката за лансирање на ракетен напад „сама по себе беше загрижувачки знак, а уште повеќе кога ќе се додаде на други загрижувачки индикации“.

Војската продолжува со прегледот и истрагата за пропустите таа ноќ. Висок офицер прашал зошто не се преземени чекори за подготовка за ракетен напад, вклучително и преместување на илјадници луѓе од терените на музичкиот фестивал „Нова“ во близина на границата каде што немало доволно засолништа за заштита против ракетен и минофрлачки напад?

Исто така, се поставува прашањето дали биле извршени инструкциите кои биле дадени, како на пример лансирање на разузнавачки лет над Газа?

Во 2 часот по полноќ, дежурниот команден центар на воздухопловните сили бил известен за невообичаената активност во воздушните единици на Хамас. Во исто време беа добиени повеќе индикации за подготовки за ракетен напад.

Сите тие информации биле дискутирани во повикот што Јарон Финкелман, началникот на Јужната команда го одржал со други високи офицери, претставници на Шин Бет и претставник на воздухопловните сили. Нивната евалуација напишана со едноставни зборови гласела „утврдена е невообичаена активност“. Финкелман рекол дека има три можности, третата е напад.

Како што објави „Ynet“ минатиот ноември, Финкелман дал сериозни наредби, при што би се заштителе изворите и би го  спречиле Хамас да сфати дека Израел е свесен за неговите невообичаени активности “.

Јужната команда знаела за фестивалот „Нова“ и им дала дозвола на организаторите за тоа.

Зошто поради информациите за можниот ракетен истрел, не е запрен фестивалот?

„Заштитата на изворите беше дадена како приоритет“, вели висок офицер, за да го објасни јазот помеѓу општиот консензус дека постои мала веројатност за напад и индикациите во извештајот.

„Доколку некој би помислил дека навистина постои опасност, спречувањето на фетивалот би бил приоритетен пред некој од разузнавачките извори и затоа ограничена група била вклучена во дискусиите. Од нив исчезнаа началникот на военото разузнавање и командантот на воздухопловните сили.

Резимето на консултациите на Јужната команда беше доставено до началникот на операциите на ИДФ, генералот Одед Башјук, кој изврши голем број телефонски повици. „По консултација со заменик-шефот на Шин Бет, командант на Јужната команда, командант на операции и началник на одделот за истражување на разузнавањето, постојат три можни сценарија“, напиша тој.

„Вежба на Хамас, зголемена подготвеност за одбрана од израелски напад, подготовки за операција против Израел во следните часови, вклучувајќи упад од морето или удар на платформа за гас, пробивање на границата, киднапирање, пукање, ракетен напад и упад од воздух“.

Тој нареди голем број акции, вклучително и преглед на воздушната одбрана на Израел околу гасната платформа, но иако разбра дека постои ризик од ракетен напад, киднапирање или „необичен терористички напад, заклучокот беше дека мора да има внимателна подготовка за заштита на чувствителни извори и координирање на акциите со военото разузнавање“. (Подоцнежниот преглед покажа дека оперативната бригада на разузнавачките сили не била прислушувана за можното распоредување на силите долж границата во текот на ноќта и дека во тек е дебата за одговорноста за тоа.)

Началникот на Генералштабот, кој одржа консултации со Бајук и Финкелман во 4 часот наутро, нареди лет на воздушното разузнавање и рече дека доколку Хамас спроведува вежба, ова ќе биде можност да се соберат информации. И покрај сите информации што беа собрани, во точка 8 во резимето се вели дека доколку не дојде до значаен развој, дополнителни консултации ќе се одржат во утринските часови.

Неговата канцеларија повикала некои високи команданти во 8.30 часот.
ИДФ како одговор на овој извештај рече дека деталите во него не се од официјалната истрага на ИДФ. „ИДФ ќе ги заврши своите истраги за масакрот на 7 октомври во наредните недели и ќе ги претстави своите наоди на јавноста.