По децениските одложувања и покрај противењето на војската, украинскиот парламент Врховната Рада во средата гласаше Украина да се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС -ICC) со надеж дека ќе ја казни Русија за наводните воени злосторства извршени во Украина, според мнозинството украински пратеници.
Ова прашање е многу чувствително во Украина бидејќи многумина стравуваат дека украинските вооружени сили кои се борат против руската армија нема да станат цел на МКС, чија задача е да ги гони сторителите на геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и агресија.
Украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба го изрази своето задоволство од оваа „историска одлука“.
„Тоа беше долго патување полно со предизвици, митови и стравови. Ништо од тоа не беше вистина. И денес конечно го остваривме”, објави тој на платформата X.
281 пратеник гласаа за ратификација на Римскиот статут, основачкиот договор на МКС и Украина да стане 125-та членка на таа институција, а беа потребни најмалку 226. Досега Киев ги следеше САД и Русија, кои не ја признаваат јурисдикцијата на трибуланот.
Одлуката ќе отвори „поголеми можности за казнување на Русите и ќе ја зајакне изолацијата на Русија“, објави на Facebook претставничката на партијата на претседателот Евгенија Кравчук.
Според него, Украина се повика на членот 124 од Римскиот статут, кој предвидува седумгодишно ослободување на сите Украинци, цивили и воени лица, од гонење за воени злосторства пред МКС.
Ратификацијата на тој документ, што беше проследен до парламентот од претседателот Володимир Зеленски, е дел од обврските на Киев кон Европската унија, додаде таа. „Тоа е неопходна мерка, целосно оправдана и безбедна“, оцени таа.
На гласањето му претходеа „тешки дискусии“, рече опозициската пратеничка Ирина Герашченко, која, како и нејзината партија Европска солидарност, не го поддржа текстот.
„Војниците побараа ратификацијата да се одложи до крајот на воената состојба“, објави таа на Telegram. „Никој не објасни што ќе се случи по истекувањето на седумгодишното ослободување од член 124“, посочи Герашченко.
Киев „веќе соработува“ со МКС за да „гарантира општа одговорност за сите руски злосторства“ во Украина, рече министерот Кулеба. „Оваа работа отсега ќе биде уште поефективна“, додаде.
Русија не е веќе странка на Римскиот статус со кој е основан судот во Хаг, што значи дека налогот нема правна сила на руска територија. Како и на териториите на САД, кои имаат закон кој е насочен против Трибуналот доколку се поведе постапка за американски државјанин, и на самата Украина којашто, исто така, досега не беше потписничка на договорот.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин во 2023 година, за наводно воено злосторство за илегално депортирање на стотици деца од Украина, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. И покрај тоа, што во меѓувреме децата на кои им се пронајдени родителите и крвни сродници или законски старатели се вретени во Украина а бројни се и откриените случаи кога со фалисфикувани документи Украинци тие деца ги префрлаат на Западот за посвојување, МКС не ја симна потерницата за Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова.