Кинеските вложувања во Европа биле речиси преполовени во пандемиската мината 2020 година, а меѓу најпопуларните дестинации првпат се пробила Полска, покажува истражувањето кое во средата го објавија американската истражувачка група Rhodium и германскиот институт Merics.
Директните кинески инвестици во Европската унија и Велика Британија потонаа минатата година за 45 отсто, на 6,5 милијарди евра, најниското нови во 10 годините, тврдат во истражувањето Rhodium и Merics.
Најважните дестинации за кинеските инвестиции и натаму се во Германија, коај е на првото место на табелата, па Франција на фторото место, Велика Британија на третот , со пад на вложувањата од 77 отсто. А првпат значајна сума привлекла и Полска, благодарејќи на голаме аквизиција.
Европа и натаму е привлелна локација за вложуваа, но надолниот тренд веројатно ќе проридлжи и оваа година, проценуваат авторите на истражувањето, укажувајќи на падот на кинеските инвестиции во првиот годинешен квартал.
Меѓу причитните за падот се акцентираат нарушувањата предизвикани од пандемијата, па кинеските мерки за намалување на одливот на капиталот и големите регулаторни пречки во Европа.
Некои членки на ЕУ, вклучително Италија, Франција, Полска и Унгарија, го заострија мерките за проверка на директните вложувања од трети земји, што значи дека неколку кинески аквизииции не минаа, потсетуваат истражувачите.
Тензичните и влошени идноси меѓу ЕУ и Кина би можело да создадат нови пречки за кинеските инвеститори, истакнуваат од Merics со објавувањето на истражувањето.