И постоперативната грижа препишана од ВМРО-ДПМНЕ

Постоперативната грижа, која ја најави како мерка министерството за здравство, не е ништо ново само препишана мерка од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Единствената разлика е што во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е тaа да се рeализира до крај на 2017 година, а владата на СДСМ, поточно министерството ја најавува за почетокот на мај годинава.

Со ова се покажува дека СДСМ не само што доцни, туку и само ги препишува мерките. Реализација или инвентивност каква мерка да се спроведе еднакво на нула.

Што најави министерството за здравство, а што се вели во програмата на ВМРО-ДПМНЕ?

Државниот секретар во министерството, Владимир Милошев информираше дека се „почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа“.
Сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која како што рече, најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција.

Здравствени работници телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно, во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола.
Досегашното искуство покажува дека пациентите по завршен оперативен зафат и престој во болниците се испуштаат дома со назнака за контрола по одреден период. Сепак, за пациентите кои се на домашно лекување потребна е консултација и совет со здравствено лице, посебно од аспект доколку се јават проблеми или компликации кои пациентот не може да ги препознае.

Ќе се грижиме и постоперативно за нашите пациенти. Сестра од здравствената установа, од одделот каде е опериран болниот, ќе се јавува на пациентот за да го праша како се чувствува, дали има некои проблеми и тоа 3 дена по отпуштање од болница, а потоа еднаш неделно. Исто така, пациентот за било која несакана здравствена промена, може да се јави за консултација во болницата на одговорната сестра. Овој концепт ќе биде предвиден како обврска за установата, во рамки на Законот за здравствена заштита, во интерес на намалување на болничките денови и унапредување на грижата за пациентите, а воедно ќе биде вопоставен систем на контрола на почитувањето на оваа законска обврска, се вели во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, но таму рокот за реализација на оваа мерка е до крај на 2017 година.