Претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан при денешната посета на Македонија се возеше со мерцедесот вреден 600 илјади евра набавен од страна на претходната влада за која експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, беше осуден на двегодишна затворска казна, а пораншениот помошник-министерМинистерството за внатрешни работи одговорен за за јавни набавки, Ѓоко Поповски, на шест години затвор.
Во вторникот Жидан во Скопје има средби со државниот врв, а низ градот е вози со „мерцедесот“ кој Зоран Заев во изборната кампања на локалните избори на митинг во Скопје ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го продаде и ќе купи амбулантни возила.
Претходно во мај, во текот на посетата на земјава истото безбедносно блиндирано возило се користеше заа превоз на британската премиерка Тереза Меј, а се користеше и при посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и за други високи странски државници.
Двајцата челници на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, не додржаа и уште во мај минатата година се развозуваа со блиндиран „мерцедес С600“ во ноќна прошетка низ Скопје и до Велес.