Бројот на заразените со новиот тип коронавирус во Русија во последното деноноќие се зголемил за 6.198 лица и во моментов изнесува 87.147 инфицирани, со што земајата ја мина Кина, жариштетот на пандемијата на Covid-19, каде што се регистрирани севкупно 84.500 заразени.
Како што објави во понеделникот претпладнето рускиот оперативен штаб за справување со епидемијата од коронавирусот, споменатата бројка случаи на зараза се регистрирани во 85 региони ширум Русија. Притоа се истакнува дека кај 2.693, или 43,4 отсто, од новозаразените, немало никакви симптоми на заболувањето.
Во текот на изминатите 24 часа починале уште 50 пациенти со короанвирусот, со што вкупната бројка смртни исходи се искачила на 794 луѓе.
Во неделата, исто така, од болниците биле отпуштени 579 пациенти, со што бројот на оздравените од почетокот на заразата со опасниот вирус достигнал 7.346 лица.
Овие показатели, според оперативниот штаб, укажуваат на забавување на дневниот број заразени со коронавирусот во Руската Федерација на 7,66 отсто, а во најпогодениот град Москва на 6,76 отсто. Во Москва имено во последните 24 часа има 2.871 случај на нови инфекции со коронавирусот, или севкупно 45.351 заразени.
Русија на почетокот од пандемијата беше една од првите земји којашто реагираше на избувнувањето на болеста во соседна Кина, затворајќи ги гранциите уште во јануари. Се спроведуваа и мерки на карантин за лицата кои пристигнуваа и од други држави, но официјално споредено со другите европски земја подоцна ги воведе рестрикциите на работењето и движењето на својата територија. Откако повеќето земји веќе беа под карантин, Русија оваа мерка ја вовед на почетокот од април, порачувајќи им на граѓаните две седмици да не одат на работа и да не излегуваат од своите домови освен за итни и неопходни потреби.