Сергеј Лавров и Џон Кери го спроведоа првиот телефонски разговор по официјалното пристапување на Крим кон Русија, пренесе „Униан“.
Разговорот се одржал по иницијатива на американската страна.
Лавров истакна дека жителите на републиката го направија својот избор демократски и во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН. Лавров рекол уште дека воведувањето на санкции од ЕУ и САД е апсолутно неприфатливо и нема да остане без последици, туку и тие ќе возвратат со иста мера.