Седумдесет и едногодишната оскаровка Шер ќе се појави во продолжението од филмот „Мама миа“, објави актерката на Twitter, без да открие која од улогите ѝ е доделена.
Американската пејачка и актерка во моментов престојува во Велика Британија, каде што продолжува снимањето на филмот кој во кино салите ќе започне да се прикажува кон крајот на јули следната 2018 година, пишува BBC.
Шер не објавува која е нејзината улога во филмот, ниту кои песни ќе ги отпее, но го пишува насловот на песната „Фернандо“ на легендарната шведска поп четворка АББА, додавајќи по него замислен емотикон.
Открива, во продолжение, дека интензивно ги вежба танцувачките чекори. „Штотуку минав две танцувачки нумери, сите се супер“, напиша Шер.
Ова ќе биде првото појавување на актерката во некој филм по 2010 година. Таа во 1988 го доби Оскарот за ролјата во филмот „Опседната од месечината“ (Moonstruck).
Мерил Стрип, Пирс Броснан, Џули Вотерс, Колин Фирт, Лили Џејмс, Стефан Скарсгард, Доминик Купер, Аманда Сејфрид и Едни Гарсија се само некои од актерските ѕвезди кои ќе се појават во продолжувањето на мјузиклот од 2008 година.