И Шпанија разместува противвоздушни системи за одбрана на самитот на НАТО во Вилнус

Шпанската армија разместува системи за противвоздушна одбрана во Латвија за да помогне во заштитата на самитот на НАТО кој следната седмица ќе се одржи во Вулнус, главниот град на соседната балтичка држава Литванија.

Според потврдата за агенцијата BNS на веста што во понеделникот ја објави шпанската амбасада во Вилнус, каде самитот на НАТО ќе се одржува на 11-ти и 12-ти јули, „Шпанија ќе проднесе за безбедноста …. со единица на противвоздушната одбрана NASAMS“.

Овој тип противвоздушни ракетни системи NASAMS (Национален напреден систем земја-воздух) заеднички ги развија Норвешка и САД. Дизајнирани се за справување со напади со дронови, проектили или авиони.

Кон крајот на минатата седмица беше објавено дека Германија започнала со инсталирањето на системите за противвоздушна одбрана од американско производство „Pаtriot“ во Литванија кои ќе го обезбедуваат самитот на НАТО во Вилнус. Литванија е сојузничка на Берлин во Европската унија и во НАТО, а германското министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на „Patriot“-ите се спроведува на барање на НАТО и во блиски консултации со Литванија.

Во Вилнус на 11-ти и 12-ти јули ќе се одржи состанокот на врвот на челниците на земјите членки на Северноатлантскиот воен сојуз. Литванија, во којашто има значајна руска заедница чиишто права не се почитуваат за што земјата одвреме-навреме е критикувана од Обединетите нации, има граница со тешко вооружената руска балтичка енклава Калининград и со Белорусија, којашто со низа воени договори е најблискиот сојузник на Москва и на чијашто територија од неодамна е распоредено руското тактичко нуклеарно оружје.