Швајцарската народна банка (SNB) во понеделникот потврди дека во изминатата 2023 година работела со загуба, приклучувајќи се на групата централни монетарни институции во водечките западни економии кои беа турнати во минус поради зголемувањето на каматните стапки.
Од SNB објавија дека работела со загуба од 3,2 милијарди швајцарски франци (3,34 милијарди евра) минатата година. Минусот, сепак, е значително помал отколку во претходната 2022 година, кога поради падот на вредноста на портфолиото на акции и обврзници, изнесуваше дури 132,5 милијарди франци и беше најголем од основањето на швајцарската централна банка.
Во 2023 година, швајцарската централна банка забележа приход од четири милијарди франци на девизни позиции, по загубата од 131,4 милијарди франци во 2022 година. Тегот минатата година им беше посилниот франк, со загуба поврзана со девизниот курс од 58 милијарди франци.
Приходите од златните резерви изнесуваат 1,7 милијарди франци и се повеќе од четири пати повисоки отколку во претходната година. SNB, исто така, забележа приход од 1,4 милијарди франци од итниот заем за спас на пропаднатата банка „Credit Suisse“.
Сепак, преовладуваше нето-загубата од 8,5 милијарди франци на позициите во домашната валута, што е повеќе од осум пати повисока од 2022 година, бидејќи SNB плаќаше повисоки каматни стапки на прекуноќните депозити на комерцијалните банки како дел од построгата монетарна политика за ограничување на инфлацијата.
Банката и оваа година нема да исплати дивиденда на акционерите, односно сојузната држава и кантоните.
Со негативен резултат во 2023 година, SNB се приклучи на Европската централна банка (ECB), германската Bundesbank и американската Federal Reserve (Fed), кои минатата година работеа со дефицит, соодветно од 7,9 милијарди евра, 21,6 милијарди евра и 114,3 милијарди долари, поради ги зголеми каматните стапки.