Шведските здравствени власти привремено ја суспендираа вакцинацијата против коронавирусот со препаратот на англо-шведскиот фарамцевтски гигант „AstraZeneca“, поради претпазливост и по информциите за случаи на тромбоза по примањето на вакцината, иако во самата Шведска такви случаи не се пријавени.
Вакцината нема да се користи сѐ додека не заврши истрагата на Европската агенција за лекови (ЕМА), кое се очекува во четврток, се наведува уште во соопштението за јавноста од вторникто што го издаде шведската управа за јавно здравје.
„Вакцинацијата (со препаратот) на AstraZeneca е запрена како мерка на претпаслизвост во очекување на истрагата на ЕМА“, се додава во соопштението.
„Решението е мерка на претпазливост. Вакцината е добро позната, но сепак важно е да се запре вакцинацијата сѐ додека агенцијата не открие дали овие појави може да бида поврзани со вакцинирањето“, изјави за медимите главниот шведски државен епидемиолог Андерс Тегнел.
Во Шведска сѐ уште не е пријавени ниту еден случај на формирање тромови кај лицата кои се вакцинирале со оваа вакцина.
Претходно и властите во Австрија, Германија, Франција и Италија и уште десетина земји во Европската унија, поради претпазливост по информациите за смртни случаи како последица на згрутчување на крвта одлучија да ја прекинат имунизацијата на населението со вакцината на „AstraZeneca“.
Привремен прекин од најмалку 15 дена за употребата на оваа вакцина донесе и Шпанија. Министерката за здравство Каролина Даријас во понеделникот свика итен состанок на меѓурегионалниот совет во врска со податоците за несаканите ефекти од вакцината на „AstraZeneca“.
Од друга страна, Финска соопштои дека ќе продолжи со имунизацијата на своите граѓани со вакцината на „AstraZeneca“. Финската агенција за безбедност и развој во боласта на фармакологијата (Fimea) појасни дека очекуваат дополнителни информации за безбедноста на вакцината.