Во вторникот вечерта Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк, а покрај за телевизиската презентерк, ннеодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго.
Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку седмици веќе престојува во македонскиот конзулат во Чикаго.
Ниту Ејупи, ниту Муслиу не се дипломати од кариера, односно никогаш не биле вработени во Министерството за надворешни работи, што досега, освен тетки исклучоци беше практика. Се претпоставува дека во конзуларните мисии во САД се испратени поради блиски релации со функционери на ДУИ и на СДСМ.
Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.