Дури и познатите личности не можат да одолеат на нов, најбрз начин за средба, но тие се заштитуваат кога станува збор за тоа. Имено, елитната апликација за запознавање со познати личности „Раја“ им дава секаква можна приватност.
Ако не сте славна личност, не можете да контактирате со нив, па дури и да го погледнете нивниот профил. За среќа, многу од нив јавно зборуваа за задоволството од оваа или слични апликации.
Колку е заштитена апликацијата, покажува и фактот дека луѓето што стојат зад „Раја“ прифаќаат само осум проценти од примените барања. Се разбира, ако сте познат актер Метју Пери, Чанинг Тејтум или добитник на „Оскар“, како Шерон Стоун, нема да мора да чекате долго за влез.
50-годишниот актер од „Пријатели“ неодамна се раздели со својата 21-годишна девојка Моли Хоровиц и веднаш се фрли во потрагата по нова убов. Пери беше на оваа апликација и пред Моли, но го избриша профилот кога ја запозна.
„Тој повторно бара девојки на Интернет и им испраќа пораки“, потврди извор за западните медиуми.
Бен Афлек исто така реши да ја пронајде среќата на овој начин. Извор за еден американски весник потврди дека актерот се приклучил на апликацијата минатата година.
„Тој ја сака својата приватност и е во моментов во ред. Тој има свои деца и е фокусиран на работата, но е подготвен за нова љубов“, рече изворот.
Откако актерот Чанинг Тејтум се раздели со славната британска пејачка Џеси Џеј во декември, тој ги следеше стапките на Бен Афлек и се сврте кон „Раја“, притоа придружувајќи се на други познати мажи.
„Чанинг сака повторно да се забавува и не му е грижа дали запознал некого преку апликација, на улица или ако некој му договорил состанок. Еден пријател му ја предложил „Раја“ и се чувствувал како да нема што да изгуби со тоа што ќе се придружи“, изјавил извор за американските медиуми.
Тејтум и пејачката Џеси Џеси сепак решија да и дадат на љубовта втора шанса, и од тогаш, претпоставуваме, нема потреба од апликација.
Зек Ефрон, Деми Ловато и Кара Делевињ, исто така, ја користат апликацијата. Зек во интервју призна дека се обидел да најде љубов на „Тиндер“, но сите мислеле дека неговиот профил е лажен, затоа не можел да договори состанок, па затоа се определил за поексклузивен пристап.
Пејачката Деми, од друга страна, призна дека е можно таа да најде и девојка на апликацијата.
„Јас сум на апликација и со момчиња и со девојки. Отворена сум за врска, без разлика дали е машко или женско, не е важно“, призна таа во својот документарен филм.
Познатата пејачка Кети Пери, како и Зек, се обиде да најде забава преку „Тиндер“. Уште во 2014 година, таа призна дека е опседнато со „Тиндер“ бидејќи нема многу време, па затоа апликацијата и олеснува да ја запознае.
Актерката Дру Баримор е уште еден корисник на „Раја“. Таа призна дека отсекогаш била нејзин сон да оди на состанок на слепо и, кога биле лансирани популарни апликации, таа решила да ги проба, а кога другарка и ја препорачала „Раја“, сфатила дека нема што да изгуби. Но, таа не успеа, па во 2018 година призна дека престанала да го прави тоа.
Освојувачката на „Оскар“, Шерон Стоун, исто така, ја испробала апликацијата, но кон крајот на минатата година откри на социјалните мрежи дека пробала друга – „Бамбл“, а она што ја изненадило е дека апликацијата брзо го избришала нејзиниот профил, затоа што многу корисници го објавија нејзиниот профил како лажен.
„Бамбл, не ме исклучувај од игра“, напиша добитничката на Оскар и потврди дека ужива во ваквите апликации.