И следните денови стабилно и многу топло

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV индексот ќе има вредност 10.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура е во интервалот од 15 до 24, а максималната дневна соодветно од 34 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне до 38 степени.

Подрачјето на Mакедонија  и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Индексот на ултраввиолетовото зрачење (UV) ќе има многу висока вредност 10.