![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/policija4.jpg?resize=696%2C425&ssl=1)
Вистинска драма се одвивала во 18 часот синоќа во Кавадарци, кога жена била нападната и ограбена во својот дом.
Полицијата информира дека во полициска станица сејавила 85-годишната П.Д. и пријавила дека непознато маскирано лице, вооружено со пиштол, влегло преку незаклучената влезна врата во станот и физички ја нападнало, удирајќи ја неколку пати во пределот на вратот.
Од вратот крадецот и го одзел златното ланче и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.