Голманот на „Монако“, Даниел Субашиќ е третиот член на хрватската репрезентација, која освои сребро на Мундијалот во Русија, кој одлучи да се повлече од репрезентативниот дрес. Претходно тоа неделава го направија Ведран Чорлука и Марио Манџукиќ.
Можеби најголмиот херој на Хрватите, кој со неколкуте одбранети пенали им обезбеди финале на „коцкестите“ на својот профил на Инстаграм ја објави својата одлука.
Според него, тој одлуката за повлекување ја донел уште пред Светското првенство и дека по десет години во репрезентацијата е време да се повлече.
Јавноста во Хрватска е шокирана по откачувањата на тројцата репрезентативци, а стравуваат дека следниот што ќе каже збогум на репрезентацијата е Лука Модриќ.