Претседателот на сенатскиот комитет за национална безбедност и владини прашање при американскиот Конгрес, Рон Џонсон, републиканец од сојузната држава Висконсин, се заразил со новиот коронавирус, соошти во изјавата од саботата прес-службата на сенаторот.
Во соопштението се истканува дека на 29-ти септември Џонсон имал контакт со лице кај кое е дијагностицирано новото коронавирусно заболување Covid-19.
„Веднаш штом дозна за овој контакт, сенаторот беше тестиран (на коронавирусот) вчера (во петокот). Резулатите од тестот беа позитивни. Сенаторот Џонсон се чувствува здраво и нема никакви симптоми. Тој и натаму ќе остане во самоизолација додека лекарите не одлучат поинаку“, се истканува во соопштението.
Повеќето соработници и помошниците на Џонсон работеле од далечина и не контактирале со него.
Претходно во петокот републиканските сенатори Том Рилис, од сојузната држава Северна Каролина, и Мајкл Ли од Јута, објавија дека и кај нив е дијагностицирано истото заболување предизвикано од новиот коронавирус.
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќта кон петокот преку својот профил на Twitter објави дека тој и првата дама Меланија Трамп биле позитивни на тестирањето на коронавирусот. Во петокот ноќта Трамп пристигна во воениот медицински центар „Волтер Рид“ во сојузната држава Мериленд, откако некои медиуми објавија дека се влошила неговата здравствена состојба и дека ќе биде третиран со лекот „ремдисивир“ кој се користи за кратењето на трањето на потешките форми на заболувањето. Лекарите предупредија дека претседателот поради возраста – 74 години и вишокот килограми, спаѓа во ризичната група граѓани.
Како што појасни портпаролката на Белата куќа, Кајкли Мекинени, Трамп следните денови ќе ги мине во споменатата медицинска установа, продолжувајќи да работи од таму. Пред да биде пренесен со хеликоптер, американскиот челник на Twitter објави видео порака во која уверува дека тој и правата дама се чувствуваат добро.
Коронаинфекцијата е потврдена и кај претседателката на Националниот комитет на Републиканската партија, Рона Мекданиел, и кај менаџерот на кампањата за претседателските избори на 3-ти ноември, Вилијам Степи.