И утрово колони и колони возила од македонска страна чекаат ред за да ја преминат границата со Грција

Во понеделникот утрото според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ има колона возила кои итаат да ја поминат македонската граница за влез во соседна Грција.

Во екот на летната сезона на сите гранични премини е зголемена фреквенцијата на возила, но особено на „Табановце“ и „Богородица“ ред за влез и излез од земјава се чека и до еден час.