И утрово колони возила на македонско-грчката граница

Утрово на граничниот премин „Богородица“ за влез во соседна Грција има повторно гужва.

Според видео камерите утрово од македонска страна за влез во соседството се чека од половина до еден час.

Македонските граѓани како и останатите наши соседи за влез во Грција треба да приложат сертификат за примени две дози од вакцината, негативен тест  или пак доказ за антитела како и да пополнат документ за влез во Грција.