![zagaduvanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/zagaduvanje-1.jpg?resize=696%2C385&ssl=1)
Воздухот во Македонија и вечерва е загаден, покажуваат мерните станици за квалитет на воздухот.
Во моментот најзагадено е во Кичево, а ПМ 10 честичките се на високи 262 микрограми на метар кубен. Потоа е општина Гостивар со 243 микрограми на метар кубен, Кавадарци со измерени 242 ПМ 10 честички, а високо ниво на загаденост се измерени и во скопско Лисиче со 224 ПМ 10 честички, Ректорат со 159 ПМ 10честички на метар кубен.
За жал од страна на локалните и централните власти се уште немаат преземено мерки за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух кој што им го ветуваше Петре Шилегов и Зоран Заев во предизборниот период на локалните избори тие и понатаму дишат отров наместо чист воздух.