И во Гази Баба плата земале луѓе коишто воопшто не оделе на работа

Раководењето со локалната самоуправа од страна на градоначалниците на СДСМ било спротивно на закон во многу сегменти, објави денеска портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

-Во Гази Баба, склучувани се договори на дело со лица кои не оделе на работа, а примале плата. Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело, во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори, што е спротивно на Член 8а од Изборниот законик. Во однос на ова склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби. Дополнително, во ревизорскиот извештај во Гази Баба направен во период од 14.01.2021 до 23.04.2021 година дадено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на прикажаните состојби во финансиските извештаи и со тоа е констатирано дека не се почитуваат законите и прописите, објави Митева.

Митева додава дека заврши времето на неспособноста и криминалот на власта на СДСМ во нашите општини.

СДСМ четири години ги потроши за несовесно работење. Почнаа промените, веќе со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалници предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Промените и новиот пристап на работа кој го нудат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види. На тој пристап народот му даде доверба на последните избори и тоа е наша обврска, соопшти Митева.

 

Во изминатиот период беа откриени повеќе вакви злоупотреби направени од страна на владејачката коалиција и нивните градоначалници.