Јас и Демократската унија за интеграција најпрво рековме дека одлуката припаѓа на институциите на земјата, избрани легитимно и со целосен капацитет за донесување одлуки. Денес, граѓаните на земјата ја дадоа одлуката за Собранието на Република Македонија и пратениците избрани на легитимни и демократски избори, рече челникот на ДУИ, Али Ахмети.
Во продолжение е обраќањето на Ахмети до јавноста по заврпување на референдумот.
Денешниот ден беше важен дена за нашата земја. Им честитам на сите граѓани на Република Македонија, на и институциите на земјата, сите политички партии кои придонесоа за мирно одржување на процесот на референдумот за покажување на граѓанската и демократската култура. Денес, демонстриравме достојни демократски капацитети за земја кандидат за интеграција во НАТО и ЕУ . Овој процес на реформи, еднаквоста и затворањето на прашањата со нашите соседи гарантира одржлив мир, безбедност, стабилност, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, економски развој, повеќе работни места , домашни и странски инвестиции како и општествена благосостојба.
Јас и Демократската Унија за Интеграција на самиот почеток кажавме дека одлуката им припаѓа истутуциите на земјата избрани на легитимен начин и со полн одлучувачки капацитет. Денес граѓаните на нашата земја одлучувањето и го делегираа на Собранието на Република Македонија и на пратениците избрани на легитимни и демократски избори. Ние сме избрани за да донесеме важни одлуки, храбри одлуки, а не да калкулираме за идните избори и идниот мандат.
Со нашиот глас со Собранието ние ја определуваме иднината на нашата земја, иднината на генерациите што доаѓаат после нас, но и иднината на Југоисточна Европа. На изборите во 2016 година ние се залагавме за еднаквост, евроатланска интеграција, системски реформи, правна држава и владеење на правото и економски развој. Речиси истите ветувања ги дадоа и другите парламентарни партии и заедно го добивме мандатот за реализација на овие ветувања дадени пред граѓаните. Затоа, овој собраниски состав има мандат за решавање на прашањата со соседите и интеграцијата на земјата во НАТО и Европска Унија, и со нивно право денес граѓаните го делегираат правото на одлучување кај пратениците и институции на земјата.
Македонија нема друга алтернатива освен интеграцијата во НАТО и ЕУ. Им се заблагодарувам на сите наши гласачи кои денес се построија на апсолутен начин на исправната страна на историјата за да ја изградат сигурната иднина.