И за „Боки 13“ 30-дневен притвор

131

30-дневен притвор и на Бојан Јовановски-Боки му одреди судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

По неколку часа распит во Кривичниот суд, Јовановски пред малку излезе од судот со полициска придружба.

Претходно 30 дневен притвор му беше одреден и на бизнисменот Зоран Милевски во јавноста познат како Зоки Кичеец.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд денеска беа спроведени две лица со предлог за определување мерка притвор. По прозинесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед дека смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“ ,  стои во сооштението на Основниот суд.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.